Утрински Весник
Свет

Во Швајцарија откриен првиот случај на нов вид на мајмунски сипаници

Majmunski sipanici.jpg

Швајцарија го пријави својот прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница, Clade 1b, а поединецот е изолиран, соопшти денеска Федералниот институт за јавно здравје.

Официјалните лица објавија дека заразеното лице е патник кој се враќал од Африка и дека нема опасност од ширење на инфекцијата во околната заедница, објави „Свисинфо“.


Светската здравствена организација објави дека Clade 1b е позаразна и поопасна од претходните варијанти на мајмунска сипаница.

Во средината на август минатата година, Светската здравствена организација прогласи вонредна состојба за јавно здравје од меѓународно значење поради појавата на мајмуни сипаници, а на крајот на февруари организацијата одлучи да ја задржи меѓународната здравствена вонредна состојба.

Напорите за спречување на епидемијата се отежнати од борбите во источниот дел на Конго, каде што новата варијанта на мајмунска сипаница, Clade 1b, се шири од 2024 година, пренесува Танјуг.

Можете да прочитате

12 американски држави го тужат Трамп поради царините

Понтификатот на папата Франциск: Напредок во расветлувањето на сексуалната злоупотреба на свештениците, но дали е тоа доволно?

Во рускиот напад на Киев загинаа девет лица, а 63 се ранети