Утрински Весник
Македонија

Во штипската Клиничка болница се работи на надминување на проблемот со недостиг на кадар

Klinichka bolnica shtip.jpg

Kлиничка болница – Штип го решава проблемот со недостиг на кадар. Директорот на Клиничка болница – Штип, Владко Захариев вели дека со вработување на 18 здравствени работници ќе започне веднаш штом заклучокот на ДИК, дека Локалните избори се завршени, ќе биде објавен во Службен весник. По што болницата наредниот ден ќе ги потпише договорите за работа со новоприманите. На неопределено време ќе бидат ангажирани седум лекари по општа медицина, фармацевти и медицински сетри, кои на последниот оглас за вработување распишан пред изборите, оствариле најдобри резултати. Постапката за избор е целосно завршена

– Периодот на интервју на одлука е донесен, периодот на жалби е поминат. Се чека само на завршување на периодот за тие 18 лица што се избрани да потпишат договор – вели Захариев.


До крајот на годината се очекуваат и уште 25 вработувања во Клиничка болница – Штип. Захариев појаснува дека најголем дел ќе бидат технички персонал, односно болничари, хигиеничари и медицински сестри. Се очекува и до крајот на годината да биде распишан уште еден конкурс, со што ќе се намали недостигот на кадар кој се чувствува во речиси сите одделенија.

– Недостаток има на сите одделенија. Не би можел да издвојам некое, критични се сите, но некако се справуваваме со тој недостаток. Се надевам дека со новите вработувања, 2026 ќе ја почнеме во подобра кондиција – рече Захариев.

Можете да прочитате

Ќе плаќаме повеќе за нарачките од „Тему“?! – Предлог Законот за ДДВ го мина првиот филтер

Мицкоски: Додека сум премиер, нема да има промена на уставот без гаранции

Беџети: Нема да ме исплашите со нарачани и фабрикувани кривични пријави