Утрински Весник
Македонија

Во Штип почнува оценувањето на Лесната пешадиска баталјонска група во рамки на вежбата „Блесок 26“

Arm.webp.webp

Во рамки на вежбата „Блесок 26“, денеска во касаната „Јане Сандански“ во Штип ќе започне процесот на оценување на Лесната пешадиска баталјонска група, со цел исполнување на НАТО целите на способности.

Вежбата, која започна вчера, а ќе трае до 27 април на повеќе локации, е продолжение од серијалот вежби „Македонски Блесок“ и претставува важен чекор во процесот на развој на оперативните капацитети на Армијата.


Главна цел на вежбата е  да се изврши оценување на борбените способности на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), како и нејзината подготвеност за извршување на оперативни задачи во реални услови.

Можете да прочитате

Полицијата ги пронајде учесниците во тепачката во Гостивар

Пеколно попладне во Скопје: Во 14 часот измерени 40 степени

Автобус на „Дурмо Турс“ се запали на автопатот Тетово–Гостивар