Утрински Весник
Свет

Во Шпанија забележан најтоплиот јануари досега

1200x675 Cmsv2 7b95a350 8612 5505 8b22 A4027df0c5ec 8198554.webp.webp

Во Шпанија е забележан најтоплиот јануари од 1961 година, кога почна да се води евиденција, соопшти денеска Министерството за заштита на животната средина на земјата.

Според извештаите, просечната температура минатиот месец достигна 8,4 степени Целзиусови, што е за 0,4 степени над претходниот рекорд од 2016 година.

Министерството наведе дека времето е „исклучително топло“ на југот и центарот на Пиринејскиот полуостров, како и на суптропските Канарски острови.

Сувото и сончево време негативно се одрази на долготрајната суша во регионите на Каталонија и Андалузија.

Службата за климатски промени Коперник претходно објави дека минатата година била најжешката во историјата на планетата.

Можете да прочитате

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30

ИОК за превртено олимписко знаме: Жалиме за овој инцидент, но ова не е крај на светот

Новинар тврди: Албанските спортисти на отварањето на ОИ вееле лажно знаме