Утрински Весник
Свет

Во Шпанија уапсен еден од најбараните криминалци од марсејскиот клан

1361942.webp.webp
Dik 300x250 mk

Французин за кој се верува дека е „главниот член на кланот Марсеј“ вклучен во шверц на дрога, е уапсен денеска во Шпанија, соопшти шпанската полиција, која го опиша како „еден од најбараните бегалци во Франција“.

Криминалецот, против кого е распишана европска потерница, е уапсен во бар на брегот јужно од Барселона, а идентификуван е како Жан-Ентони Блас, роден 1990 година, се вели во соопштението на шпанската полиција.

Уапсениот е осуден на 10 години затвор во Франција за трговија со дрога, недозволено поседување оружје, прекршоци против јавниот ред и безбедност и припадност на организирана криминална банда.

Тој избега за време на полициска операција против него во март 2023 година во Франција. За време на бегството користел четири различни идентитети.

Марсејскиот клан наводно шверцува канабис во Шпанија и поседува голем арсенал на воено оружје, се вели во соопштението на шпанската полиција.

Можете да прочитате

Израел ја прекинува хуманитарната помош за Газа

Трамп: Нема да ја загрозам Америка поради Украина

Кина ги обвини САД за кибер напади врз Националниот центар за време