Утрински Весник
Балкан

Јужна Херцеговина под вода: Одрони, порои, поплавени подруми на куќи

D218a695 0f7f 42ab B99a E40b0a9d52d6.jpg

Во јужниот дел на Херцеговина имаше поплави на станбени и деловни објекти, патишта и земјоделски површини, како и одрони на патиштата поради надојдените потоци и излеаните реки кои беа предизвикани од обилните врнежи од дожд кои паѓаа со часови.

Најтешка е ситуацијата во Габела Поље во градот Чапљина, недалеку од границата со Хрватска. Таму се поплавени подрумите на семејните куќи, а водата опколи цели населби. Големи земјоделски површини, вклучително и оранжерии, се под вода поради силниот дожд кој не престанува да паѓа во последните 24 часа. Поплавени се и улици.

Во единствениот приморски град во Босна и Херцеговина, Неум, поројните дождови го оневозможија сообраќајот. Во центарот на овој мал град, улиците се целосно под вода. На некои патни правци имало паѓање на карпи и големо количество песок, поради што тие патишта биле затворени.

Во понеделник се очекува врнежите да продолжат. Сите реки во Херцеговина се во нагорна линија, но засега нема опасност да се излеат од водотеците.

Можете да прочитате

Рама: Немаме претензии кон Грција

Претседателот на грчка Сириза бара од властите во земјава да се вразумат и да размислат за одговорноста кон својот народ

Во Косово од денеска трансакции само во евра