Утрински Весник
Магазин

Во Шпанија луѓето живеат во просек 84 години

Shpani A.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Очекуваниот просечен животен век во Шпанија е 84 години. Поради тоа, оваа средоземноморска земја важи за дом на најдолговечната нација меѓу 27-те земји на Европската унија.

Научниците сметаат дека тоа се должи на медитеранската исхрана, богата со овошје, зеленчук, риба и маслиново масло… Но, и поради бројните сончеви денови и пријатната клима, благодарение на кои жителите минуваат повеќе време надвор и во физички активности.

На второ и трето место се Италија, каде што луѓето живеат во просек 83,8 години и Малта со очекуван животен век од 83,6 години. Просекот на Европската унија е 81,5 години.

– Во средоземноморските земји го цениме и социјалниот живот, па затоа излегуваме почесто од луѓето во нордиските земји, кои нè надминуваат во однос на БДП по глава на жител, вели Мануел Ангвита, претседател на шпанската Асоцијација на кардиолози.

Старосната граница е најниска во Полска, Словачка, Литванија, Унгарија, Романија и Латвија, а на дното е Бугарија, каде што животот во просек трае 75,8 години. Стручњаците сметаат дека на повисоката старосна граница на Шпанците влијае и тоа што пијат помалку алкохол, солидните здравствени услуги, тоа што со десетлетија не биле во војна и политиката на намалување на бројот на сообраќајни несреќи.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 25 декември 2025 година

Како правилно да перете чевли во машина без да ги оштетите

Никогаш не заспивајте со шминка!