Утрински Весник
Економија

Во септември произведени 391.740, а потрошени 373.518 мегават часови електрична енергија

Struja.webp.webp

Во септември годинава, во земјава се потрошени 373.518 мегават-часови електрична енергија, 19,406 милиони нормални кубни метри природен гас, 368.114 тони јаглен и 95.577 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 100 отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 99,9 отсто од јагленот е користен за производство на електрична енергија. Во септември 2025 година е произведено повеќе електрична енергија отколку што е потрошено – вкупната бруто-произведена електрична енергија изнесува 391.740 мегават-часови, што е 4,9 отсто повеќе од домашната потрошувачка.

Во однос на септември 2024 година, потрошувачката на природен гас е намалена за 15,5 отсто, поради намалена активност на когенеративните постројки, а потрошувачката на нафтени продукти е намалена за 13,2 отсто.

Можете да прочитате

Цените на нафтата се пратија на нивото под 100 долари за барел

Цените на нафтата експлодираа, ИЕА апелира до секоја земја да ослободи дел од своите резерви

Цената на дизелот во Македонија со најголем раст споредено со земјите во регионот