Утрински Весник
Македонија

Во семејната куќа чувал цел арсенал куршуми – претрес во Струга

Policija 1.webp.webp

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 52-годишниот Б.Х. од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници од ОВР Струга и Одделението за криминалистичка полиција при МВР пронајдоа и одзедоа 119 боеви и маневарски куршуми различен калибар за пушка и автоматско оружје, 10 формациски пиротехнички средства имитатори на експлозија и пет школски и чадни бомби, кои нелегално ги поседувал.

Можете да прочитате

Мицкоски очекува утре институциите да објават податоци кои се потврда на политиките на краток рок

Пациентите со ХИВ стравуваат дека ќе останат без терапија

ДЗСИ: Нема пропусти во случајот со бебето од Струмица