Утрински Весник
Скопје

Во сабота и недела во Скопје прскање против комарци

Komarci 1.jpg

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 01.06 и 02.06.2024 година (сабота и недела) во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Се известуваат и пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Можете да прочитате

Поради задушница посебен сообраќаен режим во Скопје

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Започнува целосната реконструкција на улицата „Ферид Мурати” – еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Чаир