Утрински Весник
Македонија

Во сабота Дедо Мраз пристигнува со балон во Кисела Вода

Во сабота Дедо Мраз пристигнува со балон во Кисела Вода

Општина Кисела Вода ги поканува дечињата на големо дружење оваа сабота, со почеток од 10:30 минути. Новогодишниот хепенинг ќе се одвива под името “Дедо Мраз со подароци за вас” и на најмладите ќе им овозможи несекојдневно доживување.

dobivaj vesti na viber

„ Програмата ќе започне со театарска претстава во изведба на вработените од ЈДГ “Весели Цветови”, по што следува концерт на “Поточиња”, a потоа спектакуларно, со балон на топол воздух ќе пристигне Дедо Мраз и ќе им подели пакетчиња на сите присутни дечиња.

Бидете сите во сабота, на 24.12.2022, во паркот на улицата “Есенинова” за заедно да ја почуствуваме новогодишната магија и да си посакаме многу успех, среќа и здравје во Новата 2023 година!“ соопштија од општината.

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово