Утрински Весник
Економија

Во првите два месеца од 2025 година извозот 1,229 милијарди, а увозот 1,834 милијарди евра

Uvoz izvoz.webp.webp
Dik 300x250 mk

Во првите два месеца од годинава земјава вкупно извезла стоки во вредност од 75 650,4 милиони денари или 1,229 милијарди евра што е за 1,6 отсто повеќе отколку во истиот период во 2024 година. Во јануари и февруари годинава во земјава, пак, вкупно се увезени стоки во вредност од 112 862,3 милиони денари или 1,834 милијарди евра, што е за 4,9 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Со тоа трговскиот дефицит во првите два месеца од годинава изнесува 37 211,8 милиони денари или 604,7 милиони евра, а покриеноста на увозот со извоз е 67 отсто.


Според податоците на Државниот завод за статистика, најголемо учество во извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот, пак, најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.

Наш најголем трговски партнер е Германија, по што следат Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Можете да прочитате

Раст на извозот и на увозот, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија

Намален за 2,8 проценти бројот на работници во индустријата во септември на годишно ниво

Во изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д во септември ангажирани 2277 лица