Утрински Весник
Економија

Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра

Izvoz.jpg

Стоковата размена со странство во првиот квартал годинава изнесува 4 701 140 евра. Извозот на стоки од државава е во вредност од 1 928.6 милиони евра, за 0.04 проценти помалку во однос на истиот период од претходната година, а вредноста на увезената стока 2 772.6 милиони евра за 1,28 проценти повеќе споредено со периодот јануари-март лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.


Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.

Во периодот јануари – март годинава, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина, кои учествуваат со 47.3 проценти во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 60.1 процент во вкупната размена.

Можете да прочитате

Форум на добри компании, фокусот на решенијата поврзани со работната култура

Национална платформа за вработување на Роми – Отворање на економскиот потенцијал преку инвестирање во ромската заедница

Промоција на тренинг центар за едукација на занаетчии