Утрински Весник
Балкан

Во пожарот во Дом за пензионери во Тузла загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

20251105074334 big 730x400 26.webp.webp
Dik 300x250 mk

Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 10 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата на Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон во Босна и Херцеговина.

Пожар од поголеми размери го зафатил седмиот кат од зградата на Домот за пензионери во Тузла околу 20:45 часот. Според првичните информации на полицијата, животот го загубиле десет штитеници на Домот.

„Во Универзитетскиот клинички центар Тузла медицински се згрижени околу 20 лица, односно пожарникари, полицајци, медицински работници, како и вработени и штитеници од Домот за пензионери. Телата на настраданите ќе бидат префрлени во Комеморативниот центар заради идентификација и обдукција“, соопшти Управата на полицијата при МВР на Тузланскиот кантон.

На самото место е увидна екипа, а увидот ќе биде извршен кога ќе се создадат услови за тоа, со цел да се утврдат причините за пожарот и сите други факти важни за истрагата.

Од Домот за пензионери во Тузла информираа дека пожарот избувнал синоќа околу 20:45 часот, а со брза интервенција го ставиле под контрола и го изгаснале припадниците на Професионалната противпожарна единица Тузла.

Во гаснењето на пожарот учествувале и Професионалната противпожарна единица од Сребреник, како и доброволните противпожарни друштва Горна Тузла и Тузла, со поддршка од Управата на полицијата.

„На корисниците од загрозените катови припадниците на Службата за итна медицинска помош од Домот за здравје Тузла им укажаа медицинска помош, по што беа згрижени на пониските катови од установата. Медицинска помош на загрозените им даде и медицински персонал од домовите за здравје од Лукавац, Сребреник и Калесија“, истакнаа од Домот за пензионери.

Надлежните органи ги преземаат сите неопходни активности за расветлување на околностите што доведоа до овој трагичен настан, заклучија од Домот. 

Можете да прочитате

Земјотрес со јачина од 4,7 степени го погоди северниот дел на Грција

Пожар во дом за стари лица во Тузла – девет загинати, повеќемина повредени

Во Република Српска потврден случај на тифус кај студентка од Индија