Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Во последен миг спасено село Дупјани од пожар

1723823944 Maxresdefault.jpg
300x250 opst2

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов истакна дека во последен миг е спасено селото Дупјани.

„Случајно налетавме на огнот кој беше на само стотина метри од првите куќи а во селото и околу него немаше никого. Одлучивме наместо кон Галичица полицискиот хеликоптер Ми 171 во кој се наоѓав и јас, да го промени приоритетот поради загрозеност на населено место, и наместо да продолжи со лет кон Галичица, слета неколку километри подалеку, покрај езерото Осломеј, го закачи ведрото, полета, се спушти над езерото, наполни вода во 2,5 тонското ведро, во низок лет за неколку минути стигна над пламените јазици над селото и со прецизен погодок го стопира најблискиот крак од пожарот кој се закануваше на првите куќи“, вели Ангелов.

Како што додава, веднаш потоа полетуваат кон Галичица каде храбрите и пожртвувани полициски пилоти Стефче Ташовски и Дарко Ајтовски со поддршка на останатиот храбар и пожртвуван воздухопловен екипаж ќе продолжат со дејство врз овој, за граѓаните вознемирувачки, пожар од кој повремено се слушаат истрели или детонации на неексплодирани минско експлозивни средства останати од војните кои се одвивале на овој простор.

Можете да прочитате

Кондарко: Непречено гласањето во Ново Село, исправена е печатната грешка, без проблеми и гласањето во останатите места

СДСМ: Бројни прекршувања на изборниот процес, починати лица на избирачки список, закани и кршење на изборен законик

По објавата на 24инфо: ДИК поништи листа со починато лице во кандидатура за Совет на Град Скопје