Утрински Весник
Македонија

Во полициска акција уапсени тројца Македонци, кои биле припадници на ИСИС

Полицајка на ГП „Богородица“ е отстранета од работа поради примање поткуп

Од слобода се лишени три лица македонски државјани, кои во текот на 2014 година на територијата на Сирија се приклучиле во вооружените формации на терористичката организација Исламска држава – ИСИС и како борци активно учествувале во воените дејства.

dobivaj vesti na viber

„Во изминатиот период, лицата О. С. (28), Р. С. (33) и М. Г (26), беа предмет на интерес на безбедносните служби и во меѓународна соработка на МВР и АНБ со други партнерски безбедносни служби, активностите резултираа со истовремена синхронизирана полициска акција спроведена на територијата на Република Северна Македонија и Франција, при што се лишени од слобода две лица во нашата држава и едно лице во Франција, а сите се државјани на Република Северна Македонија. Постапувајќи по наредби за претреси во дом и други простории издадени од судија за претходна постапка, денеска, во утринските часови, од страна на МВР беа извршени претреси на две локации во Скопје кај О. С. и Р. С., каде што се пронајдени и одземени огнено оружје, муниција, мобилни телефони и други електронски уреди, кои може да содржат дополнителни докази за извршеното кривично дело.

Во согласност со обезбедените докази, Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам до Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, денеска поднесе кривична пријава против наведените лица за сторено кривично дело служба во непријателска војска предвидено во член 322 од Кривичниот законик“, соопштија од Министерство за внатрешни работи.

Можете да прочитате

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри