Утрински Весник
Македонија

Во општина Илинден се одржа Меѓународен детски фолклорен фестивал „Св.Троица“

Во општина Илинден се одржа Меѓународен детски фолклорен фестивал „Св.Троица“

Во убавиот амбиент на амфитеатарот ,,Галерија на отворено” при Домот на култура ,,Илинден” во општина Илинден, се одржа меѓународниот детски фолклорен фестивал ,,Св. Троица”. Фестивалот е во организација на КУД ,,Гоце Марковски” од Долно Лисиче и годинава се одржа по деветти пат, но за прв пат во општина Илинден, а многубројната публика имаше можност да ужива во прекрасните настапи на културно уметничките друштва од земјава и странство.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот започна со прекрасно дефиле каде сите учесници тргнувајќи од пред спортската сала ,,Гоце Делчев” се движеа по главната улица во Илинден се до Домот на култура ,,Илинден”, каде настапија културно уметнучки друштва од соседна Бугарија, Србија, како и неколку ансамбли од Скопје, КУД „Гоце Маркоски“ , АНПИ „Илинден“ , ФА „Седенка“ и ФА „Плетеница“.

На фестивалот меѓу присутните беше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека Општина Илинден секогаш дава огромна поддршка на културните настани, а одсега па понатаму во агендата на културни случувања во наредните години ќе биде и овој меѓународен детски фолклорен фестивал.

Фестивалот има за цел преку фолклорот да се направи едно зближување помеѓу народите, запознавање на нови пријателства, дружење, едукација на младите за Македонскиот фолклор, култура и традиција, запознавање со нови култури и традиции, презентација на Македонија и сите убавини, размена на знаења и искуства, отворање на портите кон нови патувања на нашите играорци.

Можете да прочитате

Спасовски од Куманово: Надминати кризите, енергетските компании во раце на граѓаните

Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци

Лукаревска: Од целосно заборавени, домашните претпријатија  ги поддржавме со 100 милиони евра, ќе ја дуплираме поддршката