Утрински Весник
Македонија

Во октомври трошоците за живот на граѓаните се повисоки за 467 денари во однос на месец септември

Pari 1 1.jpg
Dik 300x250 mk

Потрошувачката кошничка во октомври изнесува 65.544 денари. Во октомври трошоците за живот на граѓаните се повисоки за 467 денари во однос на месец септември, објави Сојузот на синдикати на македонија.

Податоците на ССМ велат дека за едно четири члено семејство за набавка на неопходните прехранбени производи потребни се речиси 24 илјади денари или една цела минимална плата. Пресметката на синдикалците вели дека по сто евра од домашниот буџет треба да се издвои за подмирување на режиските трошоци но истата сума важи и за посета на културни манифестации и за рекреација на семејството. Граѓаните што ги анкетиравме се жалат дека дел од храната која некогаш била секојдневно на трпезата сега станала луксуз.


„Месото станува луксуз, млечните производи – кашкавал, тоа е не3видено зголемување, и тоа неколку пати. Некои полуксузни работи како чоколади, исто станаа многу скапи. “

„Да излеземе сите на протест како во Франција што прават, за пола евро да се направат масовни собири, така и ние да направиме. Може некој ден ќе ни дојде паметот. “

„Се е поскапо, кафето го зголемија па го поскапија, си играат со нас.“

Дополнително во анализата на синдикатот стои дека за здравстваени прегледи во државните установи и за набавка на неопходните лекови требаат на месечно ниво околу 1200 денари. За средства за одржување на лична хигиена и за хигиена во домот трошоците изнесуваат окилу 2500 денари. За ресторански услуги пак, трошоците надминаа 4 000 денари.

Во октомври на едно четири члено семејство му биле потребни нешто над четири илјади денари за превоз, но не за автомобил или за такси, туку тие пари можеле да ги искористат само во јавниот превоз. Октомври месец исто така бил многу скап и за домаќинствата во однос на образованието, поради стартот на академската година. За студентот биле потребни над седум илјади денари за старт на студиите.

Во оваа пресметка нема рата за станбен кредит или за кирија. Доколку и тоа влезе во пресметката, сумата од 65 илајди и 500 денари се зголемува на фантастички 81 илјади денари.

Можете да прочитате

Ранѓеловиќ: Излезноста во Кочани манифестира најголема мизерија, наместо тој народ да бојкотира за децата кои ги загубија животите, се одлучија да гласаат за партиите кои го создадоа системот кој ги проголта

Пензионер од Скопје фатил провалник на дело во станот и тој го претепал

Цело Тетово нема вода – намерно пресечена главната водоводна линија