Утрински Весник
Економија

Во октомври има раст на бројот на туристи во земјава

Ohrid 1.jpg

Државниот завод за статистика соопшти дека во септември годинава во земјава се евидентирани 132 999 туристи кои оствариле 262 686 ноќевања.

Од вкупниот број туристи, 24.6 % се домашни, а 75.4 % се странски. Од вкупно 262 686 ноќевања, 31.8 % ги оствариле домашните туристи, а 68.2 % странските.


Во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5.8 %. Кај домашните туристи има намалување за 1.4 %, а кај странските има зголемување за 9.6 %. 

Вкупниот број на ноќевањата, пак, е зголемен за 0.9 %. Кај домашните туристи има намалување за 3.8 %, а кај странските зголемување за 7.0 %.

Најголем број од странските туристи кои ја посетиле земјава се од Турција 32 950, од Србија 8 830, од Германија 6 615 и од Полска 3 577.

Можете да прочитате

МФ: Трицифрен раст на реализацијата на капиталните инвестиции во првите два месеца од 2026 година

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Поскапуваат бензините – 24info.mk