Утрински Весник
Свет

Во Одеса уапсена група руски агенти, им се заканува доживотен затвор поради шпионажа

20240702111308 Big 730x400 14.webp.webp

Службата за безбедност на Украина (СБУ) уапси група руски агенти во Одеса, меѓу кои имало двајца војници и локална жителка, а им се заканува доживотен затвор поради шпионирање на локациите на украинскиот систем за противвоздушна одбрана, соопшти прес-центарот на СБУ.

Во соопштението се наведува дека руски агенти по наредба на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) ги извидувале локациите на системите за противвоздушна одбрана во Одеса, ги фотографирале и ги означиле на мапите на Гугл, објави Укринформ. Се нагласува дека втора задача на руските агенти била прикриеното поставување на безжични магнетни камери на територијата на пристаништето Одеса.

Се наведува дека една локална жителка била уапсена во нејзиниот дом откако извршила извидување во близина на потенцијалната цел. При претресот од уапсените биле одземени мобилни телефони кои служеле исклучиво за комуникација со ФСБ.

Можете да прочитате

Пентагон: Русија и Кина ја интензивираат соработката на Арктикот

Хамас потпиша договор со Фатах во Кина, повика на „национално единство“

Харис собра повеќе од 81 милион долари за еден ден за претседателската кампања