Утрински Весник
Македонија

Во неколку општини СДСМ нема да има кандидат за градоначалник, туку само советнички листи

Sdsm 1.jpeg

Со одлука на Извршниот одбор, СДСМ на претстојните локални избори нема да има кандидати за градоначалници во неколку општини, брифираат од Бихаќка.

Според информациите во општините Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино, СДСМ ќе настапи само со листи за советници.


Инаку, претходно во текот на денот лидерот на СДСМ Венко Филипче ги соопшти имињата на 19 кандидати за градоначалници, а меѓу нив се и скопските општини Гази Баба, Ѓорче Петров и Центар.

Можете да прочитате

Над 600 прекршоци констатирани на првиот ден со ,,Безбеден град”

Утре променливо облачно, во среда локални врнежи и засилен ветер

Формиран Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот