
Државната изборна комисија (ДИК) ги заокружува подготовките за повторените локални избори кои ќе се одржат на 11 јануари (недела). На денешната седница беа донесени клучни одлуки за транспортот на доверливиот изборен материјал до општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше, како и до Центар Жупа.
За непречено одвивање на изборниот процес, ДИК одобри авансни средства за вработените и лицата ангажирани за транспорт, вклучително и припадниците на МВР кои ќе го обезбедуваат материјалот, гласачките ливчиња и изводите од Избирачкиот список.
„Овие средства се наменети за достава на доверливиот изборен материјал, но и за дистрибуција на уредите за биометриска идентификација на гласачите до сите избирачки места во овие четири општини“, појасни членот на ДИК, Ангелчо Ристов.
Со усвојувањето на последното Упатство за гласање, Комисијата формално ги заврши сите правни процедури, со што сè е подготвено граѓаните од овие региони во недела да ги изберат своите локални власти.



