Утрински Весник
Македонија

Во недела ја славиме Света Петка: На луѓето им се јавува на сон поради овие 2 причини

Sveta Petka 990x556 188192.jpg

Во недела, на 27 октомври, Македонската Православна црква и нејзините верници ја слават заштитничката на жената – Света Петка.

Празникот посветен на преподобната Мајка Параскева кај нашиот народ со векови се почитува, а има сведоштва во кои ова светица им се јавувала на луѓето во сон.

Според народното верување, ако Света Петка ви се појави на сон, тоа може да значи две работи, или ќе бидете наградени или тоа е предупредување и покана за промена.

Ви ги пренесуваме исповедите на луѓето на кои Света Петка им се јавила во сон:

„Офицер на ЈНА и припадник на тогашната неприкосновена партија, беше пронајден на колена на подот на белградската капела вкопана во карпата под ѕидините на тврдината Калемегдан, посветена на Света Петка. Кога еден од верниците го прашале како тој, како воено лице, може толку слободно да ги изразува своите верски чувства и покрај тоа што партијата му го забранува тоа, тој одговорил: „Оваа црквичка ми го спаси животот“.

За време на Втората светска војна, бев нападнат од германска патрола овде и ме бркаа полициски кучиња кои беа зад моите потпетици. Спасот го барав во оваа пештера – црквичка која немаше ни врата да ме заштити од кучињата. Втрчајќи во црквата, очекував кучињата да влезат и да ме растргнат пред да дојде патролата. Сепак, кучињата пристигнаа и лаеа, но не отидоа подалеку од прагот.

Потоа пристигнала полиција и еден од нив влегол внатре со пиштол и батерија. Во тој момент од некаде пред мене се појави жена во црна наметка и стоејќи пред мене ја рашири својата наметка за да ме заштити. Војникот со батеријата детално ја прегледа просторијата и преку сите ѕидови и агли на капелата, и не ме виде. Бев невидлив за него! Војниците отидоа, а жената во црно исчезна. Дури по два часа собрав храброст да ја напуштам капелата, не знаејќи дали моите гонители се наоколу, но надвор сè беше мирно и се чинеше смирувачко.

Подоцна дознав дека оваа мала црква е посветена на Света Петка. Гледајќи во иконата, видов дека е облечена во црна наметка и така ја препознав. Таа ми го спаси животот и затоа доаѓам овде да ѝ се заблагодарам“.

Необична и на ист начин е зачувана приказната од селото Витановац кај Краљево, која сепак завршила среќно:

„Домаќинката на семејството излегла на пат да го чека автобусот со кој требало да пристигне нејзиниот сопруг, да му мавне со рака да не излезе од автобусот никаде во селото, туку да брза дома поради некоја обврска. Било празник. И додека го чекала автобусот, се случило комбе да налета на неа, да ја фрли настрана и да лежи без свест.

Таа се освестила во болница, токму во моментот кога ја примала инјекцијата. По заминувањето на медицинската сестра, покрај неа останала „жената во црно“.

„Требаше да настрада твоето дете, но ти го замени. Немој да го тужиш возачот што те прегази. Кога ќе оздравиш, оди во црквата Свети Петка и запали свеќа… Зошто работеше во петок? А зошто воопшто работиш во недела?“

Кога заспала, пациентката ја видела внатрешноста на црквата Света Петка и распоредот на иконите на ѕидот. Кога излегла од болница, отишла во црквата Света Петка и му кажала на свештеникот за тоа“.

Како еден од поновите, има и пример на студент на Академијата за музика кој бил болен од леукемија:

Авторите на монографијата „Света Петка – слава и заштита на верниците“ како еден од многуте примери на чуда го наведуваат случајот со една млада девојка која боледувала од леукемија:

„По многу напори на лекарите рекоа дека повеќе не можат да направат ништо. Тогаш родителите, обземени од болка, со силна вера, со молитви се упатија кон чудотворниот лекар, моштите на преподобната Мајка Параскева во градот Јаша. Со голема верба и солзи, за да ја излечат нивната ќерка.

Во текот на два месеци, свештениците на Соборниот храм и родителите заедно со ќерката се молеа на Бога и на преподобната за исцелување. По жестоки молитви, девојчето беше целосно излечено од леукемија, така што сите лекари беа воодушевени, а на почетокот на следната година се врати во Академијата, на предавања“.

Минуваат векови, а приказната за светицата сè уште ги инспирира срцата на верниците. И ја зајакнува верата, враќајќи нè, повторно и повторно, кон нејзината суштина.

Можете да прочитате

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?