Утрински Весник
Македонија

Пријавени притисоци врз Вишото јавно обвинителство

20241022191243 Big 730x400 86.jpg

Претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриеска, денеска потврди дека Вишото јавно обвинителство Скопје пријавило притисок врз својата работа.

„Известувањето е доставено од вишиот обвинител, а понатамошните дејствија ќе бидат споделени“, изјави таа, додавајќи дека не може да ги открие деталите пред членовите да бидат запознаени.

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски ги информираше членовите на Советот дека ја проверува работата на сите четири виши обвинителства. Тој ги отфрли обвинувањата на Мустафа Хајрулахи за мешање во предмет и нагласи дека е потребен надзор поради наводи за нестручно работење и притисоци врз вработените.

Контроли ќе бидат извршени и во останатите виши обвинителства до крајот на месецот. Коцевски очекува зголемени напади кон него од лица кои избегнале кривичен прогон.

Можете да прочитате

Грант од ЕУ од 5,5 милиони евра за енергетска ефикасност на студентски домови

Европратениците ќе дебатираат по Предлог-извештајот на Вајц за земјава 

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност