Утрински Весник
Економија

Во Министерството за енергетика потпишување на договорот за изградба на интерконекторот со Грција

Gasovod.webp.webp

Во Министерството за енергетика денеска ќе биде потпишан договорот за изградба на гасоводот за интерконекција на Северна Македонија и Грција. 

Македонскиот дел од гасоводот треба да биде во должина од 67 километар и да се поврзе со грчката страна каде градежните активности ги работи компанијата „Терна“. Вкупната должина на целиот гасовод е 123 километри и тој треба да се протега од Неа Месимвриа кон Неготино преку Гевгелија и да ги поврзува двата национални системи за пренос на природен гас со цел да се диверзифицираат изворите на снабдување со природен гас во земјава. 


Преку проектот, нашата земја ќе има можност да се снабдува и со природен гас и течен природен гас (ЛНГ) од грчките терминали во Ревитуса и Александруполи.

Почетниот капацитет ќе биде 1,5 милијарди кубни метри годишно, со можност за проширување до три милијарди кубни метри годишно, а се спроведени и студии со цел гасоводот да има соодветни спецификации за транспорт на зелен водород.

Проектот се очекува да биде финализиран на пролет следната година. 

На денешното потпишување на договорот најавено е присуство на извршниот директор на Номагас, Мухамет Елмази, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, евроамбасадорот Михалес Рокас, како и претставниците на Европската инвестициска банка Бјорн Габриел и Европската банка за обнова и развој Стефан Костовски.

Можете да прочитате

Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра

Косово неоправдано задржува македонски камиони на границата, соопшти Стопанската комора

Национална платформа за вработување на Роми