Утрински Весник
Свет

Во Мексико киднапирани 14 полицајци, сомнежите се дека зад тоа стои картел

Во Мексико киднапирани 14 полицајци, сомнежите се  дека зад тоа стои картел
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вооружена банда вчера киднапираше 14 полицајци во јужниот дел на Мексико, поради што властите распоредија голем број полицајци на улиците.

dobivaj vesti na viber

Секретарот за безбедност и заштита на граѓаните во сојузната држава Чиапас во соопштение рече дека сите 14 полицајци се мажи и дека во тек е воздушна и копнена операција за нивно лоцирање.

Претставник на државната полиција, кој побара да не биде цитиран, рече дека полицајците патувале кон главниот град Чиапас со камион за транспорт на персонал кога биле пресретнати од неколку камиони со вооружени лица.

Жените во возилото се ослободени, а мажите се однесени, изјави службеникот.

Киднапирањето се случило на автопатот меѓу Окозокоаутла и Тукстла Гутиерез, пишува „ABC“.

Насилството во пограничниот регион на Мексико со Гватемала ескалира во последниве месеци поради територијалниот спор помеѓу картелот Синалоа – кој доминираше во областа – и новата генерација на картелот Халиско.

Можете да прочитате

САД повторно пресретнаа брод кај брегот на Венецуела

Сан Франциско постепено ја враќа струјата по големиот прекин

Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија