Утрински Весник
Магазин

Во Малме вечерва првото полуфинале на Евровизија

Evrovizija.jpg

Вечерва во Малме со почеток во 21:00 часот ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија, а за пласман во финалето се борат 15 земји.

Вечерва пред публиката од земјите членки на големата петорка ќе се претстават и Велика Британија и Германија, како и Шведска, која како домаќин избори пласман во финалето.

Распоред по кој ќе настапат земјите учеснички на првата полуфинална вечер

Годинешното издание на Евровизија го одбележа и политичката ситуација во светот, особено војната во Газа, поради што веќе се одржуваат протести ширум Шведска. Меѓу демонстрантите има негодувања затоа што на Израел му беше дозволено да учествува, а  Русија претходно беше исфрлена поради војната во Украина.

Во втората полуфинална вечер закажана за овој четврток ќе настапат Израел и нивниот претставник Еден Голан, а и’ е препорачано да не излегува од хотелската соба.

Шведската полиција е во состојба на готовност и дури побарала засилување од Данска и Норвешка за време на натпреварот.

Можете да прочитате

„Фуриоза“ заработи само 32 милиони долари во првиот викенд

Две минути тишина повеќе го опушта телото отколку слушањето музика

Еве зошто не треба да чувате зачини во стаклени садови