Утрински Весник
Македонија

Во Македонија најден Французин кој бил пријавен за исчезнат

Во Македонија најден Французин кој бил пријавен за исчезнат

Полицијата и припадниците на ФРОНТЕКС пронајдоа 21-годишен Французин кој бил пријавен во својата држава за исчезнат.

dobivaj vesti na viber

Според информациите од МВР,  момчето било затекнато при илегален влез на територија на земјава и дало лажен исказ за личните податоци. Сепак, по дополнителни проверки, како што информираат од полицијата, добиена е потврда од француските власти дека станува збор за С.И., француски државјанин, кој во својата земја се води како исчезнат од 11 март.

Лицето, согласно законските регулативи, ќе биде предадено на семејството.

Можете да прочитате

Турските државјани фатени при обид нелегално да излезат од земјава

Припадниците на Логистичката база го одбележаа 20 Мај – Денот на Логистичката база

Муцунски: ЕК стави на располагање 65,7 милиони евра за државата – највисок износ во регионот