Утрински Весник
Балкан

Во мај заедничка воена вежба на српската армија и НАТО

Slove 1.jpg

На покана на Србија, во мај ќе се одржи заедничка вежба меѓу српската и НАТО армијата, објави Командата на здружените сили на НАТО од Неапол на платформата Икс.

„Западен Балкан е регион од стратешко значење за НАТО. Ја поздравуваме можноста српските и сојузничките воени единици да се обучуваат заедно во Србија овој мај. Вежбата ќе се одржи на воениот полигон Боровац, кој е широко користен од српските вооружени сили за подготовка на единици за меѓународни мисии, вклучително и мировни операции на Обединетите нации“, беше наведено на X.


Како што истакна Командата, оваа обука придонесува за стабилноста на Западен Балкан.

„Оваа активност ќе се спроведе на покана на Србија и со целосно почитување на нејзината декларирана политика на воена неутралност. Заедничката обука ја подобрува интероперабилноста, ја зајакнува практичната соработка и придонесува за стабилноста на Западен Балкан. НАТО го цени своето партнерство со Србија и со нетрпение очекува да работи заедно за време на оваа вежба“, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Србија продолжува со евакуација на свои граѓани од Блискиот Исток утре и задутре три нови лета

Вучиќ: Дачиќ наскоро ќе биде пуштен од болница

Дојави за бомби во Црна Гора и Босна и Херцеговина