Утрински Весник
Магазин

Во Лесковац испечена најголемата плескавица во светот – тешка е 86,4 килограми

Najgolema Pleskavica.jpg

На 34-от фестивал на скарата „Роштилијада“ во Лесковац, Србија, е направена плескавица тешка 86,4 килограми месо на скара. Тоа е нов рекорд за најголема плескавица во светот, а последнава „закуска“ е шест килограми потешка од ланскиот рекорд, исто така поставен на овој настан.

Дијаметарот на плескавицата по печењето беше 210 сантиметри, а дебелината два сантиметри.

Мајстори за најголема плескавица беа Предраг Лазаревиќ, Ивица Здравковиќ, Љубиша Ѓорѓевиќ, Стефан и Бојан Цветковиќ од лесковачките ресторани „Два пријатели“ и „Колиба“. Тие по осми пат поставуваат нов рекорд на скараџискиот фестивал. (МИА)

Можете да прочитате

Хороскопски знаци кои имаат среќа со финансиите, ретко остануваат без пари

Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик

Патентирано „проѕирно дрво“ во Сибир