Утрински Весник
Македонија

Во кумановско Романовце приведен дилер за издржување казна затвор од една година

1707216064 1.webp.webp

На 11.08.2024 во 12.30 часот во с.Романовце, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го привеле С.Ш.(26) од с.Романовце, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Куманово за издржување на казна затвор од една година за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори” по член 215 од Кривичниот законик.

С.Ш. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за издржување на казната.

Можете да прочитате

Денес се празнуваат Светиот маченик Агапиј и седумтемина со него: Публиј, Тимолај, Ромил, двајца Александри и двајца Дионисии

Влатко Стефановски во Сплит го прими Порин за животно дело и го претстави новиот албум Muscle Memory 

Променливо време со пообилни врнежи – снег на планините