Утрински Весник
Балкан

Во Косово тешко повреден службеник на ЕУ

Kosovo.webp.webp

Службеник на Канцеларијата на Европската Унија во Косово е тешко повреден од остар предмет, објави порталот „Синџали“, повикувајќи се на добро информирани извори.

Изворите наведоа дека инцидентот се случил во вторник и дека повредениот е префрлен во Универзитетскиот клинички центар.

Извори блиски до истрагата изјавија дека повредениот е функционер на Канцеларијата на ЕУ, Стефан Илијанов Шејнов, на возраст од околу 49 години, кој ужива дипломатски имунитет.

Според медицинските картони, функционерот претрпел две убодни рани, една на вратот и една на градите, за кои се сомнева дека се предизвикани од остар предмет, рече изворот.

Порталот наведува дека Шејнов не бил во можност да даде изјава и дека локацијата на инцидентот, околностите и сторителот засега се непознати.

По наредба на обвинителот, инцидентот се истражува како обид за убиство, а истрагите продолжуваат

Можете да прочитате

Локум, колоњска вода и строг дрес-код: Турско гостопримство за самитот на НАТО

Албанија ја засилува одбраната, купи шест артилериски системи „БОРАН“ од Турција

Грција поставува заштитни мрежи поради опасната риба-зајак