Утрински Весник
Балкан

Во Косово не смее да се носи Хиџаб во училиштата: Забраната ја потврди Врховниот суд

Hidzab.jpg
Dik 300x250 mk

Врховниот суд на Косово ја потврди одлуката за забрана на носење хиџаб во училиштата, оценувајќи дека таа е во согласност со правилата за облекување што ги пропишало Министерството за образование, наука, технологија и иновации. Со тоа, судот ја одби тужбата што против оваа одлука ја поднесе Мрежата за професионален развој на жените „Арита“.

Организацијата „Арита“ тврдеше дека забраната за носење марама во јавните образовни установи е неоснована и претставува форма на дискриминација. Во нивната тужба се наведува дека бројни девојки во изминатите четири години биле исфрлени од училиште или им било забрането да посетуваат настава единствено поради носење марама.

По жалбите на ученички од средните училишта, „Арита“ се обратила до Врховниот суд барајќи поништување на спорната одлука. Сепак, судот ја одбил жалбата, со образложение дека Министерството за образование има законски овластувања да ги утврдува правилата за однесување и облекување на учениците, во согласност со Законот за предуниверзитетско образование и Законот за стручно образование и обука.

Забраната за носење марама во училиштата со години предизвикува бурни расправи на Косово, каде што околу 92 проценти од населението се муслимани. Темата првпат стана предмет на поширока јавна дебата во 2010 година, кога управните инструкции на Министерството ја вовеле забраната за таканаречени „верски униформи“, во кои спаѓало и носењето марама.

Исламската заедница на Косово тогаш остро се спротивстави на таа одлука, порачувајќи дека марама не е „верска униформа“, туку дел од верската обврска на секоја муслиманка.

Можете да прочитате

Во Република Српска потврден случај на тифус кај студентка од Индија

Голем пожар во Загреб – горат автомобилски гуми

Црна Гора на врвот, Албанија со „шестка“, а Македонија со „тројка“ во новиот извештај на Европската комисија