Утрински Весник
Балкан
Img 7972

Во Косово денеска почнува пописот на населението, резултатите се очекуваат по три месеци

20240405082733 Big 730x400 40.webp.webp
Img 7972

По повеќе од две години одлагање, во Косово денеска ќе започне пописот на населението, домаќинствата и становите/куќите, вклучително и на северот на земјата, населен со мнозинско српско население, во процес кој ќе трае шест недели, односно до 17 мај годинава, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во пописот ќе бидат ангажирани околу 3.500 попишувачи и 891 набљудувач, како и персоналот на Агенцијата за статистика на Косово (АСК).

Овојпат има седум прашалници што треба да се пополнат, а во овој попис е додаден и прашалникот за штетите од војната во 1998-99 година и прашалникот за регистрација на дијаспората.

Собирањето на овие податоци АСК го оправдува со важноста за градење подобри политики за државата, планирање на буџетот и инвестициите, подобрување на условите за живот во земјата и за странски инвестиции.

Според законот, секој жител на Република Косово е должен на попишувачот да му ги достави сите точни податоци во прашалниците за пописот на населението.

Прелиминарните резултати од пописот се очекува да бидат објавени во рок од три месеци.

Можете да прочитате

Инцидент во Хрватска: Се туркале двајца тинејџери, наставнички на едниот му го спасувале животот

Турската централна банка нема да издава поголеми банкноти и покрај инфлацијата

ЕУ најави проширување на европските фабрики за вештачка интелигенција во Северна Македонија и Србија