Утрински Весник
Свет

Во Кина регистриран смртен случај од инфекција од комбинација на два соја на птичји грип

Ptichji Grip.png

Во Кина е регистриран смртен случај од инфекција предизвикана од комбинација на два соја на птичји грип, Х3Н2 и Х10Н5, соопшти кинеската Национална управа за контрола и превенција од болести, додавајќи дека во прашање е пренос меѓу видови, но дека ризикот од пренесување од човек на човек е низок.

Една постара жена од провинцијата Анхуи, која имала и други болести, пријавила дека развила кашлица, болка во градите, треска и други симптоми на 30 ноември и починала нешто повеќе од две недели подоцна на 16 декември, се вели во соопштението на кинеската Национална управа за контрола и превенција од болести.

Тестирањето на блиските контакти на 63-годишната жена било негативно, се наведува во соопштението и се додава дека не се пријавени други случаи на заболени од споменатата комбинација на соеви на птичји грип. Анализата на секвенците на целиот геном на вирусот покажа дека вирусот Х10Н5 е од птичјо потекло и дека нема способност ефикасно да зарази луѓе, соопшти управата.

Регистрираниот смртен случај, според Кинеската национална администрација за контрола и превенција на болести, претставува редок пренос на вирусот меѓу видовите, од птица на човек. 

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме