Утрински Весник
Свет

Во израелски воздушни напади уништени над 350 воздушни воени цели во Сирија за 48 часа

20241211120625 Big 730x400 35.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Израелската војска (ИДФ) соопшти дека уништила повеќе од 350 воени цели низ Сирија, вклучително и стратегиски складишта со оружје, во последните 48 часа.

Според објавата на ИДФ на Телеграм, израелските сили бомбардирале локации како поморските пристаништа Ал Бајда и Латакија, каде што биле закотвени 15 сириски пловила. Меѓу целите биле и противвоздушни батерии, аеродроми и фабрики за оружје во Дамаск, Хомс, Тартус, Латакија и Палмира.


Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху изјави дека нападите имале за цел да спречат оружјето на режимот на Башар ал Асад да падне во рацете на џихадисти.

„Немаме намера да се мешаме во внатрешните работи на Сирија, но дефинитивно ќе направиме сè што е потребно за да ја осигураме нашата безбедност“, изјави тој.

Можете да прочитате

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј

Гладот ​​во Газа моментално спречен, но ситуацијата е критична