Утрински Весник
Балкан

Во Грција уапсени 20 лица за измами со пари од европски фондови

Grcija policija 1.jpg

20 лица, членови на криминална организација за измами поврзани со европските земјоделски субвенции, утрово се уапсени на грчкиот остров Крит.

Тие се сомничат дека предизвикале штета од над три милиони евра.


Од грчката полиција информираа дека од рано утрово во тек е акција за разбивање на конкретната криминална организација чии членови се вмешани во измама на штета на финансиските интереси на Европската Унија, како и во поднесување лажни изјави.

Меѓу уапсените 20 лица во четири различни области на Крит, се и двајца сметководители и тројца одговорни лица во Центрите за поднесување пријави.

– Нелегалната финансиска корист надминува 3.000.000 евра, информираа од грчката полиција и посочија дека со детални информации ќе излезат по завршувањето на акцијата.

Весникот „Катимерини“, повикувајќи се на свои извори пишува дека вкупниот број на инволвирани се проценува на околу 90 лица, а криминалната организација веројатно била активна од 2019 година.

Дејствувала на начин што одговорните лица од сметководственото биро воспоставиле соработка со Центрите за поднесување пријави, кои имале пристап до податоци и ги откривале непријавените земјоделски парцели, потоа ги информирале сметководителите, кои го координирале составувањето фиктивни договори за закуп, а во соработка со приватни производители поднесувале лажни пријави и добивале средства во форма на субвенции од организацијата за европски земјоделски субвенции (ОПЕКЕПЕ). 

Можете да прочитате

Ситуацијата со пожарот на Брач е подобра од претходно, должината на пожарот е речиси 40 километри

Еден загинат, околу 25 исчезнати и 51 спасен во полупотонат чамец со мигранти во близина на грчкиот остров Гавдос

Еден загинат, околу 25 исчезнати и 51 спасен во полупотонат чамец со мигранти во близина на грчкиот остров Гавдос