Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Во Грција се уште беснеат пожари: Силните ветрови прават големи проблеми, огнот стигна и до предградијата на Атина

Во Грција се уште беснеат пожари: Силните ветрови прават големи проблеми, огнот стигна и до предградијата на Атина
300x250 opst2

Од утрово пожарникарите продолжуваат со борбата со пожарите кои веќе две недели беснеат во Грција и во кои загинаа пет лица, а се стравува дека прогнозата на силниот ветер за денеска ќе го разгори огнот.

dobivaj vesti na viber

Стотици грчки пожарникари, со засилување од други земји, се распоредени на островите Родос, Крф и Евија, како и на новиот фронт во централна Грција.

Од 13 јули досега во земјата избувнаа околу 600 шумски пожари, од кои повеќето беа брзо изгаснати. Десетици илјади жители и туристи мораа да бидат евакуирани во последните денови.

Пожар избувна рано утринава недалеку од куќите во предградието на Атина, но брзо беше изгаснат.

Две лица загинаа кога вчера избувна пожар недалеку од индустриската зона на градот Волос, во централниот дел на земјата.

Денеска по топлотниот бран се очекува пад на температурите, но силниот ветер може да го отежне гаснењето на пожарот.

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори