Утрински Весник
Свет

Во градинка во САД истекол јаглерод моноксид, хоспитализирани се 27 лица, меѓу кои и деца

Во градинка во САД истекол јаглерод моноксид, хоспитализирани се 27 лица, меѓу кои и деца
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Над 20 лица, меѓу кои и деца, беа пренесени во болници откако се случи истекување на јаглерод моноксид во градинка во Алентаун, град во американската сојузна држава Пенсилванија.

dobivaj vesti na viber

Пожарникарите први пристигнале на местото на настанот по пријава дека едно од децата е во несвест, изјави капетанот Џон Кристофер.

Кога пристигнале пожарникарите, веднаш биле активирани нивните монитори за јаглерод моноксид во атмосферата и евакуирани се 25 деца и 8 вработени во градинка.

Во болница завршија 27 лица, главно деца.

„Повеќето од хоспитализираните се деца“, изјави Кристофер за NBC News, додавајќи дека сите хоспитализирани се стабилни.

Можете да прочитате

СЗО: Од алкохол во ЕУ умираат 800.000 луѓе годишно

Екстремен студ на северот од Русија и Канада, затворени се училишта и градинки

Поплави во Шпанија, има мртви и исчезнати