Утрински Весник
Свет

Во Градачац прогласена тридневна жалост, тројца загинати во БиХ

Во Градачац прогласена тридневна жалост, тројца загинати во БиХ

Во Градачац, по страшниот настан во кој Нермин Сулејмановиќ уби три лица, рани неколку лица и потоа се самоуби, прогласена е тридневна жалост, потврди градоначалникот на оваа месна заедница, Едис Дервишагиќ.

dobivaj vesti na viber

Дервишагиќ рече дека оваа одлука ја донел Градскиот совет на Градачац на итна седница.

„По мој предлог прогласена е тридневна жалост, почнувајќи од утре до 14 август. На продолжената седница  учествуваше и кантоналниот министер за внатрешни работи, кој не информираше дека  безбедносната состојба е задоволителна. Утре ќе се одржи седница на Советот на која ќе разговараме за следните чекори“, објасни Дервишагиќ.

Невзета Хеќимовиќ, жената која беше брутално претепана од Нермин Сулејмановиќ и убиена со истрел од пиштол, се криела во куќата на нејзината тетка.

Сулејмановиќ ја започнал престрелката во градот, а потоа дошол во оваа куќа каде ја киднапирал Невзета и ја ранил нејзината роднина.

Можете да прочитате

Шестмина загинати и над 100 киднапирани во вооружен напад во Нигерија

Лос Анџелес: Три лица загинаа во експлозија во тренинг центар на локалните безбедносни сили

Папата побара прекин на огнот во Газа за време на телефонски разговор со Нетанјаху