Утрински Весник
Економија

Во Гевгелија повторно јавна презентација на проектот „Гасовод меѓу Северна Македонија и Грција“

20250610134852 big 730x400 34.webp.webp

Во Гевгелија утре повторно ќе се одржи детална јавна презентација на проектот „Гасовод меѓу Северна Македонија и Грција на територијата на Северна Македонија“. Презентацијата ја организира Акционерското друштво за вршење енергетска дејност- пренос на природен гас „НОМАГАС“- Скопје во државна сопственост, во соработка со Општина Гевгелија.

Според соопштението од Општина Гевгелија, главната цел на повторната јавна презентација е граѓаните и деловните субјекти од Општината, како и пошироката јавност, да се запознаат со деталите за Проектот, неговото значење, како и со планираните технички решенија и активности на подрачјето на Гевгелија и територијата на нашата држава.


Од локалната самоуправа ги повикуваат сите заинтересирани граѓани, компании и организации да присуствуваат на јавната презентација и активно да се вклучат во процесот како дел од заложбите за транспарентност и вклучување на јавноста во процесите од областа на енергетиката.

Јавната презентација ќе се одржи утре во ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија со почеток во 11:00 часот. 

Можете да прочитате

Поскапуваат горивата – 24info.mk

Прв млекомат за свежо манастирско млеко со средства од Европската Унија

Николоски: Следи набавка на 2 нови локомотиви и репарација на 11 постојани