Шестгодишното девојче кое исчезна во градот Газа минатиот месец е пронајдено мртво, заедно со неколку нејзини роднини и двајца болничари кои се обиделе да ја спасат.
На 29 јануари, Хинд Раџаб побегнала од градот заедно со нејзината тетка, вујко и тројца братучеди, пишува Би-би-си.
Автомобилот налетал на израелски тенкови и наишол на оган. Се верувало дека девојчето е единствено преживеано лице од седумте патници во возилото. Аудио снимките од повиците меѓу девојчето и службите за итни случаи сугерираат дека таа се криела меѓу телата на нејзините роднини.
„Хинд постојано нѐ молеше да дојдеме да ја земеме, да испратиме некого да ја земе. Таа рече дека се стемнува“, вели работничката на Црвената полумесечина која последен пат била во контакт со Хајнд, Рана ал Факех.
Хајнд останала на линијата три часа разговарајќи со Рана и со психологот, кој се обидел да ја смири додека се подготвувале да испратат брза помош. Рече дека сите околу неа се мртви или спијат, беше крајно исплашена, ме молеше да не ја прекинувам линијата“, раскажува потресена Рана.
„Многу се плашам, ве молам дојдете“, биле некои од последните зборови на шестгодишното девојче.