Утрински Весник
Економија

Во февруари намалена потрошувачката на нафтени продукти и природен гас

Goriva.png

Во февруари годинава во однос на февруари лани потрошувачката на нафтени продукти е намалена за 10.3 проценти, информира Државниот завод за статистика. 

Во тој период намалена е потрошувачката на природен гас, за 16,5 проценти, како резултат на намалената активност на когенеративните постојки. 


Во февруари годинава во земјава  вкупно се потрошени  700 715 мегават часови електрична енергија, 32.945 милиони нормални  кубни метри природен гас, 245.790 тони јаглен и 
75.103 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бруто-домашното производство на електрична енергија  изнесува  583 152 мегават часови и учествува со 83.2 проценти во бруто-домашната потрошувачка, а 99.9 проценти од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Можете да прочитате

СДММ: За младите 30.000 евра за бизнис, 2.000 евра за матуранти, 0% данок за прв стан

ВМРО-ДПМНЕ: Младите се во фокусот, речиси 40 милиони евра за вработување на над 10.000 лица во 2026

ВЛЕН: Стратешкото партнерство со Турција се претвора во конкретни инвестиции и економски развој