Утрински Весник
Македонија

Во две недели спречени четири обиди за криумчарење злато

20260417140617 big 730x400 57.webp.webp

Ги следиме случувањата и трендовите во светот и поставуваме соодветни профили на ризици. Во изминатите две недели на граничен премин Меѓународен Аеродром Скопје беа откриени три обиди за криумчарење на злато со тежина од 285 грама и со вредност од 23 илјади евра.  Ова го истакна директорот на ЦУ Бобан Николовски во гостување на МРТ 1.

Царинска управа, претходно, информираше и за спречен обид за криумчарење злато на Богородица.  Златото во сите случаи е запленето, а против осомничените се поднесени кривични пријави.


Директорот во гостувањето потсети и на случајот во кој царински службеници на Меѓународен Аеродром Скопје спречија криумчарење на 1,7 килограми скапоцен златен накит, којшто во тек на кривичната постапка од страна на судски вештак беше проценет на речиси еден милион евра. 

Можете да прочитате

ЗНМ: По истекот на рокот за избор во МРТ, јавноста очекува кредибилен и целосно транспарентен процес

Полицаец фатен како вози со активна забрана за управување и под дејство на алкохол

Тројца вевчанци вработени во шумско стопанство „Јабланица“ го оштетиле буџетот за 280.000 денари