Утрински Весник
Свет

Во Данска ќе се оди во пензија на 70 години

145282667.jpg

Данскиот парламент го усвои зголемувањето на старосната граница за одење во пензија на 70 години од 2040 година, што е највисоката стапка во Европа.

Од 2006, Данска ја врзува старосната граница за пензија со очекуваниот животен век, што се ревидира на секои пет години. Моментално се оди во пензија на 67 години, но тоа ќе порасне на 68 години во 2030, односно на 69 години во 2035. Новата одлука ќе важи за сите оние кои се родени по 31 декември 1970.


Во последните неколку недели во Копенхаген се одржаа протести поддржани од синдикатите против зголемувањето на старосната граница за пензионирање. По вчерашното гласање, претседателот на Данската унија на синдикати Јеспер Етруп Расмусен изјави дека последното зголемување е нефер.

„Данска има здрава економија, но и најголема старосна граница за пензионирање во ЕУ. Тоа значи дека луѓето ќе изгубат право на достоинствен пензионерски живот“, рече Расмусен.

Можете да прочитате

Нуклеаените преговори меѓу Иран и САД траеја три часа, се уште нема договор

Ужас во Хамбург: Осуммина повредени во напад на железничка станица, уапсена жена

Зеленски: Она што Русија го прави веќе една недела е исмејување на целиот свет