Утрински Весник
Спорт

Војдан Стојановски: Турнирот во Талин е вистински тест за Македонија

Војдан Стојановски: Турнирот во Талин е вистински тест за Македонија

Kапитенот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Војдан Стојановски, натпреварите во Талин ги гледа како тест за можностите на тимот, но во исто време, и можност повеќе за собирање на потребното искуство за помладите играчи кои се дел од националниот тим.

dobivaj vesti na viber

Македонија отпатува на предолимпискиот турнир, каде ќе игра против селекциите на Израел, Естонија и на Чешка.

„Ова сум го кажал во доста прилики, и тоа останува и за оваа. Ние како екипа, кои сме тука во Талин, ќе дадеме сѐ од себе да се прикажеме во еден добро светло и да стигнеме до еден добар резултат. Што се однесува до противниците, станува збор за доста добри репрезентации. Во изминатиот период видовме со кој потенцијал ќе дојдат тука во Талин. Оттука сметам дека ова ќе биде еден добар тест, да видиме колку можеме во еден ваков состав, во кој има неколку измени. Но, во исто време да биде и едно искуство плус за оние помладите играчи во репрезентацијата пред кои следуваат и други вакви, слични предизвици“, истакнува капитенот Војдан Стојановски.

Според програмата, турнирот кој се игра во градската арена „Тондираба“ во Талин, од 15 часот, ќе го отвори дуелот меѓу домаќинот Естонија и Чешка. Три часа подоцна, од 18 часот, Македонија ќе игра против репрезентацијата на Израел.

ОЛИМПИСКИ ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ – ТАЛИН 2023

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

12. АВГУСТ (САБОТА)

15.00: Чешка – Естонија
18.00: МАКЕДОНИЈА – Израел

13. АВГУСТ (НЕДЕЛА)

15.00: Израел – Чешка
18.00: Естонија – МАКЕДОНИЈА

14. АВГУСТ (ПОНЕДЕЛНИК)

СЛОБОДЕН ДЕН

15.АВГУСТ (ВТОРНИК)

15.00: Чешка – МАКЕДОНИЈА
18.00: Израел – Естонија

Можете да прочитате

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига

Фудбалерите на Лестер лудо го прославиле отказот на тренерот