Утрински Весник
Балкан

Во Црна Гора уапсени осум лица поради насилство и поттикнување национална и верска омраза

Policija Crna Gora.jpg
Dik 300x250 mk

Црногорската полиција уапси осум лица под сомнение за повеќе кривични дела, меѓу кои поттикнување национална и верска омраза, насилничко однесување и нарушување на јавниот ред и мир.

Според соопштението на Управата на полицијата, акцијата следи по неколку инциденти изминатите денови во Подгорица, во кои мета биле странски државјани – претежно од Турција и Азербејџан.


По наредба на Вишото државно обвинителство, уапсен е П.М. (35) од Подгорица, осомничен дека преку социјалните мрежи објавувал заканувачки и навредливи пораки насочени кон турски државјани, со содржини што поттикнуваат омраза и нетрпеливост.

Полицијата уапси и Б.С. (26), Ф.Ѓ. (25) и М.П. (31) поради напад на тројца турски државјани на 27 октомври во населбата Забјело.

Исто така, Т.Б. (24), Б.Б. (22) и Ф.Ј. (18) се приведени за физички напад врз Турчин, а В.Д. (27) е уапсен поради напад врз двајца државјани на Азербејџан во угостителски објект.

Полицијата апелира до граѓаните да се воздржат од насилство и самоволие, најавувајќи дека сите случаи ќе бидат документирани и процесуирани без селективност, со користење камери, мобилни уреди и дронови за надзор на јавните собири.

Како реакција на последните инциденти, Владата на Црна Гора вчера привремено го суспендираше безвизниот режим за државјани на Република Турција, со цел преиспитување и зајакнување на контролата на движењето и престојот на странци.

Владата посочи дека оваа мерка не го доведува во прашање пријателството и стратешките односи со Турција и дека ќе се обезбеди забрзана постапка за издавање визи за турските државјани што планираат патување или транзит.

Во соопштението се нагласува дека во Црна Гора престојуваат околу 14.000 турски државјани, чија безбедност и статус се приоритет на властите.

Можете да прочитате

Ердоган: Турција од увозник до светски фактор во одбранбената индустрија

Словенија: Подигнат споменик за мигрантите погребани во неименувани гробови, а кои загинале на Балканската рута

40 години казна затвор за возење по дејство на алкохол во Србија – се предлагаат најстроги казни за пијани возачи