Утрински Весник
Економија

Во четврток ќе бидат исплатени 11 милиони евра од унгарскиот заем за компаниите

Evra.jpg

Првата транша во износ од околу 11 милиони евра, од средствата наменети за поддршка на компаниите обезбедени со унгарскиот заем, ќе биде исплатена задутре, односно ќе бидат префрлени средствата од централниот Буџет кон Развојната банка.

Ова го најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од Будимпешта.


Како што рече, побарувачката кај компаниите за користење на средства е неколку пати поголема од износот на кредитот и средствата се достапни за сите компании.

„Согласно условите што ги одреди Владата право на пристап до овие средства имаат сите компании со исклучок на оние што се занимаваат со производство на алкохолни пијалоци, производство или трговија со тутун, како и дејности поврзани со коцкање, казина и еквивалентни претпријатија“, рече министерката додавајќи дека директен увид во одлуките на банките за тоа кои проекти ќе бидат поддржани нема, но дека доколку има отстапки банките би можеле уште еднаш да ги разгледаат апликациите и да ги земат предвид билансите на компаниите.

Таа се осврна и на делот од заемот кој е повлечен од Унгарија за поддршка на општините и изрази задоволство од реализацијата на тие средства.

„Очекувам да имаме одлична реализација имајќи предвид дека имаме изборна година и дека секој еден градоначалник без разлика од која политичка партија ќе има желба да праави побрза реалиација на проектите со кои ќе аплицира“, рече министерката.

Министерката за финансии вчера и денеска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министри од Владата, учествуваше во Будимпешта на Македонско-унгарскиот самит.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Владата испорача 3,1% економски раст во втората половина на 2024 година

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи законот на СДСМ за покачување на платите до 15.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ имаа 7 години власт да ги покачат платите