Утрински Весник
Македонија

Во центарот на Скопје уапсен гостиварец баран по потерница

Policzija policija mvr apsenje 24.jpeg

Денеска (04.02.2026) во 09:15 часот на бул. „Кочо Рацин“ во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишија од слобода А.Ј. (25) од Гостивар, кој бил баран со потерница по судска наредба поради бегство од Затворот Идризово.

А.Ј. е осуден на затворска казна од пет години и еден месец, поради сторени кривични дела по членовите 236 и 215 од КЗ. Тој ќе биде спроведен во Затворот Идризово за доиздржување на казната.

Можете да прочитате

Миноски: Без просветителство, народот станува лесен плен на манипулатори

(Видео) МВР го најде и уапси малолетникот што дивееше со мотор низ Штип

Се бара притвор за дилер од Тетово