Утрински Весник
Балкан

Во Босна и Херцеговина пронајдено петгодишно девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

45e430ff 257a 4152 8077 732c2d30267a.jpg
Ss2

Во автобус на граничниот премин Брод, босанско-херцеговската полиција идентификувала петгодишно девојче од Германија, жртва на меѓународна трговија со луѓе, соопшти Обвинителството на БиХ.

„Обвинителот од Одделот за шверц со луѓе и трговија со луѓе на Обвинителството на Босна и Херцеговина ги координираше активностите во соработка со Службата за работи со странци на Босна и Херцеговина и Граничната полиција на Босна и Херцеговина, кои при контрола на стока и патници од редовните автобуски линии на граничниот премин Брод, откриле и идентификувале жртва на меѓународна трговија со луѓе“, соопштија оттаму.

Img 5587

Девојчето патувало на редовна автобуска линија во придружба на странски државјанин. По наредба на обвинител е приведен во Службата за странци на Босна и Херцеговина и сместена во безбедна куќа.

„Наведеното девојче се наоѓа во базата на лица барани од меѓународните институции, а обвинителот е во постојана комуникација со надлежното обвинителство и полицијата во Визбаден, Германија. Се преземаат активности за враќање на детето кај нејзината мајка“, соопштија од Обвинителство.

Ss1

Можете да прочитате

Македонија е држава која во Србија секогаш може да најде партнер, порача Вучевиќ

Пороен дожд ја поплави Анкара

Вучиќ во обиколка на подготвителните работи за изградба на комплексот Експо 27: Националниот стадион ќе биде еден од трите најубави во Европа